Вака ќе изгледа Сонцето на 29 април

25.04.2014 15:53

Во вторник на 29 април  ќе имаме можност да го проследиме сончевото затемнување, односно Сонцето ќе изгледа како огнен прстен на небото, но повеќето луѓе од светот ќе ја немаат можноста тоа да го видат.
Затемнувањето нема да биде целосно бидејќи ќе се случи во момент кога Месечината ќе биде на најоддалечената точка од Земјата, а Сонцето не може да биде во целост прекриено.

Крајниот резултат ќе биде спектакуларен, Сонцето на небото ќе изгледа како огнен прстен и вистинска атракција во која ќе можат да уживаат луѓето на мал дел од Антарктикот и Австралија. Делумни фази ќе бидат видливи и на други места во светот, а најдобар поглед ќе имаат жителите на Тасманија, пишува Space.com.