Протести низ Европа за поголеми плати
Во Франција железничарите излегуваат на штрајк за поголеми плати. Во Париз во функција ќе биде само автоматизирано метро, без возач. Протести и во Грција. Во вчерашните инциденти биле уапсени 10-мина. Повреден еден полицаец, а приведени 12 луѓе...

Во Париз денеска речиси и ќе нема сообраќај во метрото поради штрајк на синдикатот на железничарите, со мали прекини на работата во другите дејности.
Во Париз во функција ќе бидат само две метро линии без возач. Слична ќе биде ситуацијата и во мрежата на приградски возови.
Во железницата низ Франција, штрајкот ќе биде од помал обем, затоа ќе сообраќаат линиите на брзиот воз и регионалните линии. Градската железница во Париз бара повисоки плати и подобри услови за работа.
„Ние сме обединети, но проблемот со платите им е познат на сите.“
„Разговарав со еден млад човек на платформата, ми рече дека ќе се затвори за некое време“.
„Штотуку дознав дека Монпарнас е затворен.“
Во текот на денот се очекуваат повеќе протести низ Франција.
За време на протестите во Солун и Атина што вчера се одржаа во рамките на генералниот штрајк во Грција, се уапсени десет лица. На двата протеста, имаше и инциденти меѓу маскирани лица и полицијата.
„Нашите плати мора да се зголемат сега, да се постави ограничување на цените, да се укине ДДВ-то, енергетската размена да престане, Владата треба да престане да ни ги краде животите, нашата иднина и нашата работа. Нема да живееме едноставно за да работиме, мора да живееме за да живееме, а не за да преживееме.“
Според грчката полиција, во Атина биле приведени 11 лица, од кои двајца се уапсени, а повреден е еден полицаец, додека пак во Солун од 12 приведени, осуммина се уапсени.
Марина Ристова
