САД

Трамп објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД

16.11.2022 10:17

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп синоќа информираше дека почнува со неговата трета претседателска кампања...

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп синоќа информираше дека почнува со неговата трета претседателска кампања. Во поголемиот дел од говорот, Трамп избегнуваше да именува одредени лица, нешто што го правеше за време на неговите претходни собири, а наместо тоа, го критикуваше актуелниот шеф на државата Џо Бајден и зборуваше за, како што тој смета, неговите успеси додека бил претседател.

До објавата дојде само една недела по резултати на републиканците на изборите, што ќе ја натераат партијата да одлучи дали да ја поддржи кандидатурата на Трамп.