Украина

Прекинато руското снабдување преки Днепар

16.11.2022 10:22

Украинските трупи успешно ја нарушиле способноста на Русија да ја снабдува својата војска долж реката Днепар, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото кралство во својот најнов разузнавачки извештај...

Украинските трупи успешно ја нарушиле способноста на Русија да ја снабдува својата војска долж реката Днепар, соопшти Министерството за одбрана на Обединетото кралство во својот најнов разузнавачки извештај.

Во соопштението се наведува дека се уништени три дела на патот и железничкиот мост на северниот крај на браната, со што премините се непроодни.

Во меѓувреме, Русија ги повлекла трупите и цивилната власт и од градови на источниот брег на Днепар, навестувајќи дека продолжува со повлекувањето, откако минатата недела се повлече од Херсон.