Газа
Дваесетина жртви во пожар во бегалски камп
18.11.2022 10:11
Најмалку 23 лица загинаа, меѓу кои 15 деца во пожар во зграда во појасот Газа. Огнот избувнал во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел...

Најмалку 23 лица загинаа, меѓу кои 15 деца во пожар во зграда во појасот Газа. Огнот избувнал во бегалскиот камп Џабалија во северниот дел.
Со прелиминарната истрага е утврдено дека во објектот е пронајдено поголемо количество бензин кое го чувале многу семејства за генераторите за напојување бидејќи Газа има електрична енергија само осум часа на ден.
Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас прогласи ден на жалост.
