Израел

Нетанјаху и десничарите договорија проширување на населбите на Западен Брег

18.11.2022 10:12

Лидерот на партијата Ликуд и мандатарот за формирање на новата влада на Израел Бенјамин Нетанјаху, заедно со крајната десница на контроверзниот политичар Бен-Гвир и партијата „Еврејска сила“ постигна договор за зголемување на израелските населби на Западниот Брег...

Лидерот на партијата Ликуд и мандатарот за формирање на новата влада на Израел Бенјамин Нетанјаху, заедно со крајната десница на контроверзниот политичар Бен-Гвир и партијата „Еврејска сила“ постигна договор за зголемување на израелските населби на Западниот Брег.

Според локалните медиуми, страните се сложиле ретроактивно да легализираат десетици израелски населби во рок од 60 дена по формирањето на Владата.

Палестинското МНР го осуди договорот бидејќи навлегувал во прашања за конечниот статус кои требале да се решат со преговори.