Свечено отворено 22. Светско фудбалско првенство
Спектакуларно отворено Светското фудбалско првенство во Катар. Силите ќе ги одмерат 32 репрезентации. Први на терен истрчаа домаќинот и Еквадор. Никогаш досега немало мундијал што се одржува на есен...

Почна фудбалската еуфорија. Светскиот Мундијал ќе се пренесува на Македонската радио-телевизија.
Со натпреварот Катар-Еквадор во 17 часот во Доха, Катар, почна 22. Светско фудбалско првенство – прво што се игра на есен. Секој од граѓаните со свој фаворит.
Сите 64 натпревари, во живо на јавниот сервис, Катар до 18-ти декември ќе биде главната програмска спортска содржина на програмата на МТВ, вели уредникот на спортската редакција. Додава, ова е прво светско првенство во фудбал среде сезона, а не во лето меѓу две натпреварувачки сезони и специфично од многу аспекти.
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација со своја прогноза. Вели ова е период кога луѓето ќе се дефокусираат од неубавите работи и ќе уживаат во бодрење на своите фаворити.
Капитенот на Еквадор, Енер Валенсија го постигна првиот гол на мундијалот во Катар.
Ана Ј. Тодоровска
