Свет

Шест милиони Украинци и натаму без струја

26.11.2022 09:50

И покрај обвинувањата, од Москва велат дека напаѓаат само воена инфраструктура, а Киев може да го прекине страдањето на својот народ ако ги исполни руските барања...

Шест милиони Украинци и натаму се без струја, три дена по последниот руски ракетен напад на земјата. Украинскиот претседател Зеленски вели дека многумина жители на главниот град се без струја веќе 30 часа.

И покрај обвинувањата, од Москва велат дека напаѓаат само воена инфраструктура, а Киев може да го прекине страдањето на својот народ ако ги исполни руските барања.

Во меѓувреме, откако Полска неодамна предложи противракетните системи „Патриот“ што ги нуди Германија да и бидат предадени на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека Берлин сам мора да одлучи дали ќе ги испрати системите во Киев.