Унгарија

Поради поскапувањето се затвораат стадиони, библиотеки, театри, базени

29.11.2022 09:58

Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата...

Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата.

Новите стадиони, кои се сметаат за симболи на моќта на десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт 12 години, се последните во долгата листа на објекти кои повеќе не можат да се носат со поскапувањето на енергијата.