Италија
Продолжува потрагата по четворицата исчезнати во свлечиштето на Искија
29.11.2022 13:50
Поројните дождови урнаа голем дел од планината Епомео, при што загинаа осум луѓе. 30 куќи се сè уште под кал и вода, а над 200 жители останаа без дом...

Продолжува потрагата по четворицата исчезнати во свлечиштето на италијанскиот остров Искија. Поројните дождови урнаа голем дел од планината Епомео, при што загинаа осум луѓе. 30 куќи се сè уште под кал и вода, а над 200 жители останаа без дом.
Еколозите и геолозите бараат поголема внимателност при градежните работи на островот кој е дел од трусно подрачје.
