ХАВАИ
По 40 години еруптираше вулканот Мауна Лоа
29.11.2022 13:57
Лавата од кратерот на Големиот остров не е закана за населбите, така што не е наредена евакуација...

Најголемиот активен вулкан во светот, Мауна Лоа на Хаваи, еруптираше првпат по речиси 40 години. Лавата од кратерот на Големиот остров не е закана за населбите, така што не е наредена евакуација.
Поради вулкански гасови, властите ги советуваат граѓаните да го намалат престојот на отворено.
