Соопштение до јавноста за намалување на висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2023 година

29.11.2022 14:27

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување - МАПАС ја известува пошироката јавност дека е добиена согласност од страна на Собранието на Република Северна Македонија за намалување на висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата од пензиските друштва за 2023 година на 0,7% од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата.

Согласно член 56 став (3) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување е пропишано дека Агенцијата наплатува ме­се­чен на­до­мест на то­вар на пензиските друш­тва­ најм­но­гу до 0,8% од секој уплатен придонес во прет­ход­ни­от ме­сец во пен­зи­ски­те фон­до­ви со кои управу­ва­ат.

Пресметките на Агенцијата покажаа дека месечниот надомест за 2023 година, треба да изнесува 0,7% од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата.

За очекуваниот прилив на придонеси беа користени проценки за прилив на придонеси во задолжителните и во доброволните пензиски фондови во 2023 година.

Со овој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и претставува можност за развој на пензискиот систем, како и повеќе можности во интерес на членовите на пензиските фондови.