Перу

Протести поради промена на власта

08.12.2022 12:52

Перу за првпат има жена претседател, откако поранешниот претседател Педро Кастиљо беше соборен и уапсен само неколку часа откако се обиде да го распушти Конгресот...

Перу за првпат има жена претседател, откако поранешниот претседател Педро Кастиљо беше соборен и уапсен само неколку часа откако се обиде да го распушти Конгресот.

Дина Болуарте, која претходно беше потпретседател, положи заклетва откако нејзиниот претходник најави дека ќе го замени Конгресот со вонредна Влада. Пратениците го отповикаа на итен состанок, а Болуарте, 60-годишна адвокатка, рече дека ќе владее до јули 2026 година, кога требаше да заврши мандатот на Кастиљо.

Најновата криза започна со националното обраќање на претседателот во кое тој прогласи вонредна состојба и најави дека ќе го распушти Конгресот контролиран од опозицијата. Неколку министри поднесоа оставки во знак на протест, а неговите поддржувачи излегоа на улиците на Лима.