Продолжуваат барикадите на северот на Косово
Шести ден српски барикади на граничните премини Јариње и Брњак. Шефот на ЕУЛЕКС соопшти дека безбедносната ситуација на северот на Косово е многу сериозна и дека тројно се зголемени силите, но дека не се надлежни да ја преземат контролата на северот, наместо косовската полиција како и дека барикадите треба да се отстранат на мирен начин...

Мирна ноќ на северот на Косово. Шести ден српски барикади на граничните премини Јариње и Брњак. Шефот на ЕУЛЕКС соопшти дека безбедносната ситуација на северот на Косово е многу сериозна и дека тројно се зголемени силите, но дека не се надлежни да ја преземат контролата на северот, наместо косовската полиција како и дека барикадите треба да се отстранат на мирен начин. Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност борел апелираше да се смири ситуацијата на северот на Косово.
„Ќе ги информирам лидерите за ситуацијата и ќе побарам да се смири ситуацијата и да се вратиме на дијалогот, што е единствениот пат за европската перспектива на Косово и Србија. Апсолутно е важно барикадите да се укинат, да се вратиме на смиреност и да се вратиме на дискусија.“
Српскиот претседател Вучиќ вчера се сретна со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак и заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар.
Ескобар рече дека сад го отфрлаат враќањето на српските сили на Косово бидејќи се против милитаризацијата на проблемот. Тој е оптимист за решавање на кризата во Косово.
„Овој регион има подобра иднина заедно отколку одвоено. Ќе имате подобра иднина во интеграцијата отколку преку раздвојување. Благодарение на можностите што ги дава заедничкиот пазар, ќе станете најбрзо растечки регион во Европа. Луѓето од балканот одат во ЕУ и Америка во потрага по работа, а треба да останат тука. Интеграциите и економијата се вистинското решение“, изјави Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД.
Косовскиот премиер Курти во чешка, која е актуелен претседавач со Европската унија, за да го предаде барањето на Косово за зачленување во Унијата.
Претседателката Османи рече дека, како мирољубива и демократска земја која ги почитува човековите права, Косово заслужува да стане дел од ЕУ.
„Северот на Косово продолжува да биде предизвик поради територијалните претензии што Србија ги има против Косово, што го изразува преку финансирање и поддршка на криминални структури. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, многу добро знае дека присуството на српската војска на Косово заврши во 1999 година.“
Владата на Србија од седница на која ќе присуствува и претседателот Вучиќ, ќе испрати барање до меѓународната воена мисија на Косово за враќање на српските безбедносни сили.
Марина Ристова
