Божиќна Ѕвезда – новогодишен декор во секој дом
Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом

Еден од најубавите природни украси за новогодишните и божиќните празници е Црвената Божиќна Sвезда (Euphorbia pulcherrima). На ова зимско цвеќе сите му се восхитуваат но малкумина го знаат неговото значење и симболика.
Со својата свечена црвено зелена боја одлично се вклопува во празничната декорација на секој дом. Најчесто се подарува за празниците како симбол на среќа и успех, а се верува дека треба да им се подарува на лица кои слават роденден во декември.
Според симболиката, Божиќната Sвезда носи добро pacположение, веселба, радост, чистота, среќа и добри желби.Освен за Нова година и Божиќ, овој цвет може да се искористи и за декорација на зимските венчавки, бидејќи црвеното секогаш асоцира на љубов.