Свет

Нови рестрикции за струја по нападот со дронови во Украина

19.12.2022 09:47

Според воената управа на Одеса, руските сили користеле ирански „шахид“ дронови. Противничката страна успеала да им уништи десет...

Напади со беспилотни летала врз Киев и на југот на Украина. Воведени се нови рестрикции за струја.

Според воената управа на Одеса, руските сили користеле ирански „шахид“ дронови. Противничката страна успеала да им уништи десет.

Руските трупи кои беа прераспоредени во Белорусија, за да станат дел од регионална формација, изведуваат баталјонски тактички вежби. Британија најави зголемување на буџетот за вооружување на Украина идната година.