Свет
Тајланд: Потона воен брод, се трага по десетици исчезнати
19.12.2022 09:50
Пловилото било превртено поради силните ветрови при што била прекината електричната енергија. Несреќата се случила во момент кога бродот извршувал патролна мисија...

Во Тајландскиот залив потона воен брод. Спасени 75 морнари, а по 31 се трага. Пловилото било превртено поради силните ветрови при што била прекината електричната енергија.
Кралската тајландска морнарица испрати три фрегати и два хеликоптера со мобилни пумпи за да се обиде да ја испумпува водата од бродот. Несреќата се случила во момент кога бродот извршувал патролна мисија во морето на 32 километри од брегот.
