СЕВЕРНА КОРЕЈА
Тестиран шпионски сателит
19.12.2022 10:00
Претходно беа истрелани две балистички ракети кон источното крајбрежје на Корејскиот Полуостров...

Севернокорејските медиуми известуваат дека Пјонгјанг ја извршил последната фаза од тестирањето на шпионски сателит.
Претходно беа истрелани две балистички ракети кон источното крајбрежје на Корејскиот Полуостров. И покрај меѓународните санкции, Пјонгјанг продолжува да врши ракетни тестирања.
