Руско - украински конфликт

Жестоки напади на русите сили низ цела Украина

19.12.2022 12:54

Жестоки напади на русите сили низ цела Украина, со приближно 35 беспилотни летала, од иранско производство. Биле лансирани од источниот брег на Азовско море. Украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле 30. Во последните руски напади врз Киев и неговата околина била погодена витална инфраструктура…

Во Киев воведени итни прекини на струја по нападите на руски дронови, во кои се оштетени витална инфраструктура и приватни куќи.

Украинската противвоздушна одбрана соборила девет беспилотни летала од иранско производство истрелани од руските сили.

Еден пациент загинал во напад врз болница во Доњецк.

„Имавме два напада на територијата на нашата болница. Беше погодена зградата зад нас и уште една зграда.“, изјави Дмитриј Гарцев, министер за здравство на ДПР.

Претседателот на Русија, Путин, треба да се сретне со својот белоруски колега, Лукашенко., двајцата лидери ќе разговараат за стратешкото партнерство на двете држави кои ја сочинуваат унијата, како и за регионалните и меѓународните прашања.

Во контекст на руската војна против Украина, двете поранешни советски републики значително ја проширија својата воена соработка. Така, Белорусија ги става на располагање своите воени бази за напади врз Украина.

Во меѓувреме, руските трупи кои беа преместени во Белорусија во октомври ќе почнат со тактички воени вежби.

Претседателот Зеленски изјави дека Украина „се подготвува за сите можни одбранбени сценарија“ во заштитата на границата и со Русија и со Белорусија.

„Заштитата на границата и со Русија и со Белорусија е исто така постојан приоритет. Се подготвуваме за сите можни одбранбени сценарија“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Официјални лица во Киев со месеци предупредуваат дека Белорусија би можела да им се придружи на руските сили и уште еднаш да послужи како лансирна рампа за нов напад и формирање на втор фронт во повеќемесечната војна.

Марина Ристова