Фејсбук ја купи апликацијата Мувс
29.04.2014 12:59
Апликацијата Мувс овозможува следење на локацијата на корисниците...

Најголемата социјална мрежа на светот, Фејсбук продолжува активно со преземање на други компании и апликации, па последна во неговиот џеб влезе апликацијата Мувс.
Апликацијата Мувс овозможува следење на локацијата на корисници. Освен тоа, апликацијата нуди и статистика што покажува колку чекори направил корисникот или бројот на изминати километри на велосипед, а сето тоа преку интересен интерфејс и мапа.
Апликацијата моментално е достапна на aj-ОС и Андроид. Според официјалното соопштение, не се планира интегрирање во некои од Фејсбук функциите, засега.
