Значење на црната боја
Боја на моќта, елеганцијата, формалноста, смртта, злото и мистеријата. Црн фустан и црна јакна се парчиња облека која секоја жена ги има во својот плакар...

Боја на моќта, елеганцијата, формалноста, смртта, злото и мистеријата. Црната е мистериозна боја која асоцира на страв и непознато. Таа вообичаено има негативна конотација. Се смета за многу формална, елегантна и престижна боја.
Боја којашто никогаш не излегува од мода. Црн фустан и црна јакна се парчиња облека која секоја жена ги има во својот плакар. Црната боја вообичаено се смета за таинствена. Таа штити од емотивен стрес и смирува. Со неа се креира бариера помеѓу себе и надворешниот свет, затоа што нуди удобност и пријатност.
Црната покажува самоконтрола, дисциплина, независност, авторитет и моќ. Црната е и боја на свеченост и елеганција. Во зависност од парчето облека може да биде и заводлива. Во комбинација со црвена или портокалова, црната боја добива агресивност