Зеленски пристигна во САД, ќе се врати во Украина со моќниот систем „Патриот“
Се очекува негова средба со американскиот претседател и обраќање во Конгресот.

Украинскиот претседател Володомир Зеленски пристигна денеска во САД. Тоа е негово прво патување во странство откако Русија изврши инвазија врз Украина, јавија западни медиуми повикувајќи се на дипломатски извор. Се очекува негова средба со американскиот претседател и обраќање во Конгресот.
САД ќе и испорачаат на Украина напреден систем за противвоздушна одбрана „Патриот” за да и помогнат во спротивставувањето на воздушните напади на Москва, објави Стејт департментот.
„Денешната помош за првпат вклучува систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, способен да соборува крстосувачки ракети, балистички ракети со краток дострел и авиони на значително повисок плафон од претходно обезбедените системи за противвоздушна одбрана“, наведе американскиот државен секретар Антони Блинкен.
