Унгарија

Орбан бара распуштање на Европскиот парламент

22.12.2022 10:09

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарците би сакале Европскиот парламент да се распушти во сегашното свикување...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Унгарците би сакале Европскиот парламент да се распушти во сегашното свикување.

Орбан рече дека неодамнешниот корупциски скандал со членови на Европскиот парламент го довело во прашање кредибилитетот на институцијата.

Орбан рече дека не е тешко да се одговори на прашањето до кој степен е нарушен угледот на Европскиот парламент во Унгарија, бидејќи тој не може да биде понизок.