Киев

Америка и испраќа моќни ракети на Украина

22.12.2022 10:16

Испраќањето на противвоздушниот систем „Патриот“ на Украина не претставува ескалација на војната во земјата бидејќи станува збор за одбранбени системи, рече американскиот претседател Бајден на конференција со украинскиот претседател Зеленски...

Испраќањето на противвоздушниот систем „Патриот“ на Украина не претставува ескалација на војната во земјата бидејќи станува збор за одбранбени системи, рече американскиот претседател Бајден на конференција со украинскиот претседател Зеленски.

Киев долго време од Западот бара противвоздушни системи за да се обидат да ги сопрат руските ракетни напади на енергетската мрежа и другата критична инфраструктура.

Бајден и американскиот државен секретар Блинкен рекоа дека САД ќе дадат дополнителна воена помош во вредност од 1,85 милијарди долари. Америка досега на владата во Киев ѝ испрати помош вредна околу 50 милијарди долари.

Во меѓувреме, поранешниот шеф на руската вселенска агенција Роскосмос и поранешен вицепремиер на Русија, Дмитриј Рогозин бил ранет додека престојувал во хотел во Доњецк, кој наводно бил гранатиран од украинските сили.