Косово

Барикадите влегуваат во 13 ден, денеска протест кај Звечани

22.12.2022 12:44

Србите од северот на Косово на протест на барикадите во Рударе, кај Звечан. Претседателот Вучиќ им порача дека секогаш ќе ја имаат неговата поддршка и дека нема да се крие од големите и моќните во светот. Ги повика да бидат трпеливи и да го чуваат мирот...

Србите на Косово на протест на барикадите во Рударе. Велат дека ќе ги отстранат кога Приштина ќе ги ослободи Дејан Пантиќ, Миљан Аџиќ и Слаѓан Трајковиќ и кога специјалните сили на косовската полиција ќе се повлече од северот. Косовската полиција пак постави блокади на главниот пат.

„Барикадите не се каква било акција, туку реакција. Нашата подадена рака за разговор и помирување е сè уште во воздух и мора да имаме соговорник. Сите потези што ги направи Приштина беа насочени кон поткопување на мирот и стабилноста. Како резултат на таа погубна политика на Курти, денес ги имаме овие барикади кои се навистина изнудени“, Милан Радојевиќ, член на кризниот штаб.

Српскиот претседател, Вучиќ, им порача на Србите во Косово дека секогаш ќе ги поддржува. Побара од нив да бидат трпеливи и да го чуваат мирот.

Министерот за одбрана Вучевиќ рече дека ако премиерот Курти тргне на барикадите, тоа е пат во погрешна насока што води до катастрофално сценарио.

Во однос на тоа што ќе се случи доколку КФОР го одбие барањето на Србија за враќање на српските безбедносни сили на Косово, Вучевиќ рече дека Србија ќе мора да добие дополнителни гаранции дека КФОР е способен да го одржува мирот за сите граѓани и да не се дозволат инциденти.

Припадниците на специјалната полициска единица поставија контролен пункт на патниот правец косовска Митровица – Лепосавиќ, контролирајќи ги возилата и патниците кои минуваат.

Ги следи и наводите во одредени медиуми за „киднапирање, тепање и малтретирање одредени припадници на српската заедница од страна на членови на криминални структури на северот.

Марина Ристова