Свет

Заеднички поморски вежби на Кина и Русија

22.12.2022 14:12

Главната цел на вежбите е зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина и одржување на мирот и стабилноста во Азиско-пацифичкиот регион, соопштуваат од Москва...

Русија и Кина одржуваат заеднички поморски вежби што ќе траат до 27-ми декември, соопшти руското Министерство за одбрана. Главната цел на вежбите е зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина и одржување на мирот и стабилноста во Азиско-пацифичкиот регион, соопштуваат од Москва.

Русија испраќа и четири нејзини бродови, вклучувајќи го и ракетниот крстосувач „Варјаг“, а ќе бидат вклучени и шест кинески бродови, заедно со авиони и хеликоптери.