Израел

Нетанјаху обезбедил договор за формирање нова израелска влада

22.12.2022 14:18

Нетанјаху се заблагодари за огромната поддршка на народот што ја доби на последните избори, истакнувајќи дека владата ќе работи за доброто на сите граѓани...

Бенјамин Нетанјаху соопшти дека обезбедил договор за формирање нова израелска влада по неколкунеделни преговори со верските и екстремно десничарските коалициски партнери.

Нетанјаху се заблагодари за огромната поддршка на народот што ја доби на последните избори, истакнувајќи дека владата ќе работи за доброто на сите граѓани. Партијата Ликуд и десничарскиот блок на изборите освоија 64 места, по што Нетанјаху го доби мандатот да ја формира нова влада.