Свет

Арктичка бура во САД за Божиќ

23.12.2022 16:57

Според националната метеоролошка служба, зимската бура би можела да стане циклонска бомба до викендот. Вонредна состојба е прогласена во Њујорк, Кентаки, Северна Каролина, Западна Вирџинија, Џорџија и Оклахома. Ниските температури достигнуваат дури и на јужната граница меѓу САД и Мексико...

Температури и до -56 целзиусови степени во делови од САД за Божиќ. Повеќе од 135 милиони луѓе се соочуваат со тешки временски услови во пресрет на најметежните денови во годината. На големите аеродроми се откажани илјадници летови, додека бурата се засилува.

„Само се дружевме, се подготвувавме за работа, мислевме дека е земјотрес и излеговме и најдовме дрво на нашиот покрив.“

„Многу е фрустрирачки затоа што ги плаќаме нашите сметки за струја на енергетската компанија Онкор и цел ден влегува и излегува. Навистина ми е драго што имам камин, бидејќи во спротивно, сега би замрзнал.“

Според националната метеоролошка служба, зимската бура би можела да стане циклонска бомба до викендот.

„Ова не е оној снежен ден како кога бевте деца. Ова е многу сериозно“, кажа претседателот Џо Бајден.

Вонредна состојба е прогласена во Њујорк, Кентаки, Северна Каролина, Западна Вирџинија, Џорџија и Оклахома. Ниските температури достигнуваат дури и на јужната граница меѓу САД и Мексико.

Најмалку осум лица загинаа, а неколку се повредени при обилни снежни врнежи и во Јапонија.

„Едно возило може да предизвика сообраќаен метеж на снежен пат. Ги повикувам возачите кои ја посетуваат префектурата од области со малку снег да ги стават зимските гуми на своите возила“, апелира еден полицаец.

Обилниот снег предизвикува проблеми на брегот на Јапонското Море.

Марина Ристова