Свет

Тајван ќе го продолжи задолжителниот воен рок на една година

27.12.2022 18:12

Тајван од 2024-та година ќе го продолжи задолжителниот воен рок на една година од сегашните четири месеци поради зголемената закана со која се соочува оваа островска земја од нејзиниот сосед Кина, изјави денеска претседателката Цаи Инг-вен...

Тајван од 2024-та година ќе го продолжи задолжителниот воен рок на една година од сегашните четири месеци поради зголемената закана со која се соочува оваа островска земја од нејзиниот сосед Кина, изјави денеска претседателката Цаи Инг-вен.

Според неа, актуелниот воен рок, кој трае четири месеци, не е доволен за да се одговори на ситуацијата која „брзо и постојано се менува“.

Кина го засили воениот, дипломатскиот и економскиот притисок врз Тајван да ги потврди своите барања за суверенитет, вклучително и речиси секојдневните мисии на кинеското воздухопловство во близина на островот во последните три години.

Продолжениот воен рок важи за мажите кои се родени по 1 јануари 2005 година.