Свет

Путин забрани извоз на руската нафта на земјите кои воведоа ограничување на цените

27.12.2022 20:40

Извозот на сирова нафта ќе биде забранет од 1-ви февруари, а датумот за забрана на нафтените деривати ќе го одреди руската влада, веројатно по 1-ви февруари. Декретот содржи клаузула која му овозможува на Путин да ја поништи забраната во посебни случаи...

Рускиот претседател Владимир Путин одговори на западното ограничување на цените на нафтата и потпиша декрет со кој од 1-ви февруари на пет месеци се забранува снабдување со нафта и нафтени деривати на земјите кои учествуваат во ограничувањето.

Членките на Г7, Европската Унија и Австралија договорија овој месец ограничување на цените на руската сирова нафта транспортирана по море на 60 долари по барел. Ограничувањето е на сила од 5-ти декември поради „специјалната воена операција“ на Москва против Киев.

„Одлуката стапува на сила од 1 февруари 2023 година и се применува до 1 јули 2023“, се наведува во декретот на Кремљ.

Извозот на сирова нафта ќе биде забранет од 1-ви февруари, а датумот за забрана на нафтените деривати ќе го одреди руската влада, веројатно по 1-ви февруари. Декретот содржи клаузула која му овозможува на Путин да ја поништи забраната во посебни случаи.

Уредбата не се однесува само на нафтата, туку и на нафтените деривати.