Заврши спектакуларното бар шоу во Скопје

30.04.2014 13:24

Здружението на Бармени на Македонија како единствена институција на територијата на Македонија која има за цел да ја подигне професијата бармен на повисоко ниво, а и да ја подигне коктел културата, вчера го заврши 7. Државно првенство на бармени кое се одржуваше во Хотел Стоун Бриџ во Скопје. 
 
Здружението на Бармени на Македонија како единствена институција на територијата на Македонија која има за цел да ја подигне професијата бармен на повисоко ниво, а и да ја подигне коктел културата, вчера го заврши 7. Државно првенство на бармени кое се одржуваше во Хотел Стоун Бриџ во Скопје. 
 
Вкупно 30 учесници беа дел од квалификациите, а се оценуваше според неколку критериуми: брзина и техника на изведба на класична подготовка на коктел (оценувано од технички судии), работа со барски прибор, хигиена при подготовка и бар простор, декорација, контакт со публика од сцена, ниво на позитивна енергија, и secret tasting (тајно оценување на вкус позади сцена). Во квалификациите, натпреварувачите подготвуваа два коктела. 
 
Од сите пријавени учесници, според оценките на стручното жири, дванаесет од нив во финалето се бореа за титулата Бармен на Македонија за 2014. Во финалето, критериумите и оценките се исти, а се пренесуваа поените во техника од квалификациите, додека судиите за оценување на вкус беа променети. 
 
Финалистите беа поделени во 4 групи по тројца натпреварувачи на сцена. Измеѓу секоја натпреварувачка група се претставија и бармените во категоријата Флертендинг (акробациски движења и елементи на жонглирање со барската опрема), каде од стручното жири се оценуваше брзина, техника на мешање пијалаци и изведба на сцена. 
 
Победниците во класична подготовка на коктели се: 
 
1. место: Дарко Ангелов - коктел Red Passion
2. место: Александар Цветковски - коктел Бомбонче 
3. место: Коста Јовановски - коктел Forbidden Lollypop 
 
Победници во категорија флертендинг: 
 
1. место: Бобан Васиќ - коктел Vanilla Barry  
2. место: Александар Бошев -  коктел Purple Eldertini 
3. место: Дарко Ангелов - коктел Mango Flower 
 
Првопласираните Дарко Ангелов и Бобан Васиќ, со нови рецептури, ќе го претставуваат Здружението на Бармени на Македонија на World Cocktail and Flairtending Competition во Кејптаун - ЈАР од 29 септември до 4 октомври 2014. Покрај оваа престижна награда, на првопласираните коктели во двете категории, официјалниот софтверски партнер "Акцент Компјутери" и "Синерџи" им додели лиценца за користење на софистициран софтверски пакет за угостителско работење - EASY POS, кој со својата едноставност и практичност ќе го олесни нивното работење и работењето на менаџерите на локалите кои ги претставуваа на ова првенство. 
 
Стручното жири го сочинуваа: Анџела Стефановска – професионален тренер за сертифицирање Баристи, лиценцирани од SCAE (Speciality Coffee Association of Europe) и INEI (Национален Институт за Италијанско Еспресо), победникот на првиот Diageo Reserve World Class, Аристотелис Пападопулос, Бојана Тевчева - водител на ТВ Магазинот Таблоид како и Никос Арсланоглу, учесник на Diageo Reserve World Class
 
Tехниката во категоријата флертендинг ја оценуваше Роберто Бошковски - еден од првите флертендиг бармени во Македонија, како и учесник на првото Државно првенство во класата флертендинг.