Киев

Украинците новата година ја дочекаа без струја

01.01.2023 11:35

Повеќе од 30 отсто од жителите на Киев останаа без струја поради вонредното исклучување, додека водоснабдувањето и греењето работат без промени...

Повеќе од 30 отсто од жителите на Киев останаа без струја поради вонредното исклучување, додека водоснабдувањето и греењето работат без промени.

Нешто по полноќ одекнала експлозија во Киев. Градоначалникот Кличко рече дека возовите не сообраќаат на црвената линија на киевското метро, бидејќи сè уште не е проверено дали на таа линија има остатоци од проектили.

Во руските ракетни напади врз Киев загинало едно лице, а 11 се повредени. Цел на руските сили биле централниот и западниот дел на градот.