Мобилните телефони ги „издале“ нападнатите војници
Главната причина за нападот е неовластеното користење на мобилни телефони од страна на војниците со што ја откриле нивната локација...

Руското министерство за одбрана соопшти дека во украинскиот напад на Макиевка за време на викендот загинале 89 војници. Главната причина за нападот е неовластеното користење на мобилни телефони од страна на војниците со што ја откриле нивната локација.
„На 1 јануари артилеријата на вооружените сили на Украина лансираше шест ракети ХИМАРС-ракетен систем за лансирање во привремената база на една од руските единици кај Макиевка. За жал, бројот на нашите паднати соборци се зголеми до 89 по расчистувањето на опструкцијата на армирано-бетонските конструкции. Заменик-командантот на полкот беше меѓу ненадоместливите кадровски загуби. Уништена е рампата за лансирање на ракетниот систем со повеќекратно лансирање, што го користеа украинските вооружени сили за гранатирање на Макиевка“, изјави Сергеј Севрјуков – заменик началник на главната воено-политичка управа на вооружените сили на Русија.
Украина тврдеше дека биле убиени околу 400 руски војници. Руското министерство додаде дека комисијата ги истражува околностите на нападот. Руските сили за возврат извршиле воздушни напади врз концентрација на воена опрема во близина на железничка станица во Доњецк, при што загинале до 200 украински воен персонал и уништиле четири фрлачи на ХИМАРС и повеќе од 800 ракети.
