Кевин Мекарти е нов спикер на Претставничкиот дом
По 15 рунди гласање, републиканецот Кевин Мекарти конечно е избран за претседател на Долниот дом на Конгресот, во процес што го одбележа голема неизвесност, но и тензија која на моменти беше на раб да прерасне во тепачка и тоа меѓу самите републиканци.

Заврши сагата во американскиот Претставнички дом. По 15 рунди гласање, републиканецот Кевин Мекарти конечно е избран за претседател на Долниот дом на Конгресот, во процес што го одбележа голема неизвесност, но и тензија која на моменти беше на раб да прерасне во тепачка и тоа меѓу самите републиканци.
„Вкупниот број гласови е 428. Од нив, почитуваниот Кевин Мекарти од државата Калифорнија доби 216. Почитуваниот Хаким Џефрис од државата Њујорк доби 212. Со тоа, Мекарти има мнозинство гласови и е избран за спикер на Претставничкиот дом“, изјави Черил Џонсон, претседавач со Претставничкиот дом.
„Ова е момент што бара да ја вратиме довербата во нашата држава и довербата меѓусебе. Во тој дух, ќе работам со секој кој ја дели страста да обезбеди подобра иднина за нашата нација. Се надевам дека ќе ми се придружите. Почитуван Џефрис, ќе има времиња кога ќе се согласуваме и кога ќе се разидуваме. Ветувам дека нашите дебати ќе бидат страсни, но когаш лични“, изјави Кевин Мекарти, претседател на Претставничкиот дом.
Иако Републиканците имаат мнозинство во Претставничкиот дом, гласањето се претвори во маратон. За ваквиот развој на ситуацијата придонесе бунтовичкото крило во партијата, од кое дел беше Мет Гец, кој на крајот беше принуден за гласа за Мекарти, а за малку и физички ќе беше нападнат од неговиот колега Мајк Роџерс, кој викаше и со прст покажуваше кон него.
„Претседателот го нарече процесот срамота. Многумина го оквалификуваа како хаос и неред, некои други и како срам, но тоа е демократија. Ова е симболот на нашето слободно општество, каде секој глас се уважува и се брои. Знаеме дека е некогаш е неурдено, но отворената и транспарентна дебата е она што не разликува од авторитарните режими“, изјави Патрик Мекхнери, Републиканец.
„Принудени сме да бидеме овде поради хаосот и кризата кај другата страна. Сакам да истакнам дека истите личности кои ги потпалуваа страстите на 6 јануари, кои им рекоа на нивните следбеници дека мора да се борат под лажно тврдење дека изборите се украдени, може да го водат Претставничкиот дом ако успеат да се договорот кој ќе им биде лидер“, изјави Пит Агилар, Демократ.
Американскиот претседател Бајден му честиташе на Мекарти, иако овој најави истраги и судски покани за демократите, меѓу кои и за шефот на Белата куќа.
Мартин Пушевски
