Бадникови поворки

Божиќен концерт на традиционални празнични песни во Филхармонија

09.01.2023 17:31

Бројни пејачи од нашата сцена, врвни музичари, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот „Козма Пречистански“ и пејачи од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ ќе бидат дел од свечената божиќна атмосфера во Филхармонија.

Голем божиќен концерт на традиционални празнични песни вечерва во 20 часот ќе се одржи во Големата сала на Македонска Филхармонија, информираат од организацијата „Бадникови поворки“.

Бројни пејачи од нашата сцена, врвни музичари, ревијален оркестар од автентични инструменти, хорот „Козма Пречистански“ и пејачи од насоката за традиционална музика и игра при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ ќе бидат дел од свечената божиќна атмосфера во Филхармонија.

Организаторите најавуваат свечена празнична симфонија од звуци, предводена од нашиот етаблиран музичар, композитор и основач на „Љубојна“ - Оливер Јосифовски, единствената Вера Милошевска - вокал, светскиот виртуоз на кларинет - Исмаил Лумановски, група „Чалгии Мерак“ и останатите врвни музичари: Филип Михајлоски - канон, Тони Арслан - виолина, Христијан Јаневски - тамбура, Роберт Ангеловски - кавали, Петар Христов - лира, Оливер Настовски - ут, Мите Наумовски - џумбуш, Анастасиос Иоану - кларинет, Демир Шакиров, Христијан Николовски и Шериф Мустафа - перкусии, како и вокалистите: Антониа Гиговска, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Стефан Филиповски (Некст Тајм) и Никола Перевски - Пере (Нокаут).

Концертот во живо ќе може да го проследите на првиот програмски сервис на МРТ со почеток во 20 часот.