САД

Потенцијално доверливи документи пронајдени во приватната канцеларија на Бајден

10.01.2023 10:03

Во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро...

Американското Министерство за правда разгледува потенцијално доверливи документи пронајдени во поранешната канцеларија на Џозеф Бајден кога беше потпретседател на САД. Во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро.

Според одредени извори, серијата документи не содржи нуклеарни тајни. Бајден беше потпретседател на САД за време на мандатот на Барак Обама од 2009 до 2017 година.