Велика Британија
Неуспешен обид за лансирање ракета во орбитата
10.01.2023 12:19
Неуспешен првиот обид на Велика Британија да лансира сопствена ракета во земјината орбита...

Неуспешен првиот обид на Велика Британија да лансира сопствена ракета во земјината орбита.
По полетувањето од Корнвол, „Боингот 747“ на „Вирџин Орбит“ прелетал близу 11 километри над Атлантскиот океан од каде беше лансирана ракетата со девет мали сателити, која сепак не успеа да стигне до орбитата.
Инженерите се обидуваат да откријат што тргнало наопаку, а авионот безбедно се врати во Корнвол.
