Тројца поврдени во вчерашниот грабеж на златарница во Струга
Во интерес на истрагата се уште не се изнесуваат подетални информации...

Тројца повредени е билансот на вчерашниот грабеж на златарницата во струшката чаршија. Според информациите на хирургот Берат Лени од општата болница во Струга, двајцата повредени со кундак од пиштол се добро и вон животна опасност и се пуштени на домашно лекување, додека повредениот со истрел од огнено оружје исто така е вон животна опасност,но, е префрлен во болницата за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид на понатамошна операција и лекување.
Јавен обвинител во овој момент е на повторен увид во врска со вчерашниот грабеж на златарницата во струшката чаршија.
Во интерес на истрагата се уште не се изнесуваат подетални информации.
Засега не се знае колкав плен однесоа крадците. Подетални информации по расчистувањето на случајот во текот на денешниот ден.
