Еден загинат во сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола

01.05.2014 13:56

Како што соопшти МВР, несреќата се случила во 23:50...

61-годишниот Радован М. од Струга, го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа околу 23.50 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, во близина на село Тополчани. 
 
До несреќата дошло кога од засега непознати причини дошло до судир помеѓу товарно возило марка „Мерцедес“, со скопки регистарски таблици, управувано од 41-годишниот Н.Н. и патничкото моторно возило марка „Даеву Нексија“, со струшки таблици, управувано од сега починатиот Радован М.
 
Екипите на СВР Битола и јавниот обвинител извршиле увид, а  лекарите за жал можеле само да ја констатираат смртта на Радован, кој починал на лице место.