СЗО: Кина и натаму не дава точни податоци за бројот на починати од Ковид-19
На 8 јануари, Кина повторно ги отвори своите граници и го укина карантинот за меѓународни посетители за прв пат по речиси три години, иако земјата се бори со порастот на случаите со коронавирус.

Кина и натаму го намалува бројот на смртни случаи од Ковид-19, но споделува со нас повеќе информации за епидемијата на коронавирусот во земјата, изјави денеска шефот на техничкиот сектор на Светската здравствена организација (СЗО) за ковид-19 Марија Ван Керхове.
Ни недостигаат некои многу важни информации и работиме со Кина за да ги пополниме тие празнини, додаде Керхове.
На 8 јануари, Кина повторно ги отвори своите граници и го укина карантинот за меѓународни посетители за прв пат по речиси три години, иако земјата се бори со порастот на случаите со коронавирус.
Директорот на Здравствената комисија на централната провинција Хенан, Кан Куанченгу на 8 јануари изјави дека речиси 90 отсто од населението е заразено со коронавирусот, што е во спротивност со податоците за Ковид објавени од Владата во Пекинг.
