Невреме
Евакуирани десетици илјади лица во Калифорнија
11.01.2023 18:16
Поројните дождови предизвикаа големи поплави. Прекини се пријавени во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија.

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во Калифорнија. Десетици илјади се евакуирани. Над 50% од 58-те окрузи се прогласени за зони на катастрофа.
Поројните дождови предизвикаа големи поплави. Прекини се пријавени во сообраќајот и во снабдувањето со електрична енергија.
Калифорнија беше погодена од феноменот „атмосферска река“ – огромна струја на густа влага во воздухот што доаѓа од океанот.
