Авганистан
Исламска држава одговорна за нападот во Кабул
12.01.2023 09:54
Исламска држава ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад пред Министерството за надворешни работи во Кабул, во кој загинале најмалку пет лица, а 40 биле ранети...

Милитантната група Исламска држава, ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад пред Министерството за надворешни работи во Кабул, во кој загинале најмалку пет лица, а 40 биле ранети.
Администрацијата на Авганистан, управувана од Талибанците, се соочи со бунт од милитантите на Исламската држава кои ги нападнаа клучните објекти во последниве месеци, вклучително и руската и пакистанската амбасада и канцеларијата на поранешниот премиер.
