Велика Британија
Девојче тешко повредено во пукање во централен Лондон
15.01.2023 09:48
Седумгодишно девојче e тешко повредено во пукање во близина на црква во центарот на Лондон...

Седумгодишно девојче e тешко повредено во пукање во близина на црква во центарот на Лондон. Повредено е уште едно девојче на 12-годишна возраст, и уште четири жени.
Полицијата добила пријава за истрели од возило во движење во близина на црква во која во тоа време се одржувал погреб. Во тек е „итна истрага“.
