Непал

Се урна авион со 72 патника во Непал

15.01.2023 09:49

Авион на „Јети Ерлајнс“ летал од Катманду кон Покара кога се урнал при слетувањето и се запалил...

Патнички авион се урна и се запали на аеродромот Похара во централен Непал. Авион на „Јети Ерлајнс“ летал од Катманду кон Покара кога се урнал при слетувањето и се запалил.

Портпаролот на авиокомпанијата изјави дека во моментот на несреќата во авионот имало 68 патници и четворица членови на екипажот.

До сега се извлечени најмалку 16 тела. Аеродромот е привремено затворен.