Давос

Почнува 53-от Светски економски форум во Давос

16.01.2023 09:53

Ќе учествуваат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности...

Во Давос почнува 53-от Светски економски форум, кој ќе трае до 20-ти јануари. Ќе учествуваат рекорден број бизнисмени, претставници на најголемите светски компании, државни лидери и познати личности.

Форумот во познатиот швајцарски зимски центар последен пат се одржа во јануари 2020 година, бидејќи следната година беше организиран виртуелно, а лани беше одложен во мај поради пандемијата на коронавирусот.