Украина
НАТО најави уште тешко оружје за Украина
16.01.2023 10:16
НАТО најави дека Украина „наскоро“ може да очекува нови испораки тешко вооружување од Запад...

НАТО најави дека Украина „наскоро“ може да очекува нови испораки тешко вооружување од Запад.
Генералниот секретар Столтенберг, изјави дека рускиот претседател Путин ја „преценил силата“ на руските трупи со инвазија.
Западните земји долго време не сакаа да му достават тешко оружје на Киев, стравувајќи дека би можеле да бидат вовлечени во војната. Но, на почетокот на јануари, Франција, Германија и САД конечно ветија дека ќе испратат оклопни оружја.
Руската дипломатија оцени дека таквите испораки на оружје „во никој случај нема да го забрза крајот на воените непријателства, туку само ќе ги интензивира“.
