Белорусија
Заеднички вежби на руските и на белоруските воздухопловни сили
16.01.2023 10:17
Русија и Белорусија почнуваат заеднички воени вежби, додека Киев и Западот стравуваат дека Москва би можела да ја искористи белоруската територија за нова копнена офанзива на Украина...

Русија и Белорусија почнуваат заеднички воени вежби, додека Киев и Западот стравуваат дека Москва би можела да ја искористи белоруската територија за нова копнена офанзива на Украина, што веќе беше случај на почетокот на војната во февруари.
Вежбите ќе траат до 1-ви февруари и притоа ќе се користат сите белоруски воени воздушни бази, објави белоруското Министерство за одбрана. Минск вели дека воздушните вежби се одбранбени и дека нема да влезе во војната.
