Финалето на СП во Катар го гледале 1,5 милијарди гледачи
19.01.2023 16:05
Воведниот натпревар на Мундијалот меѓу репрезентациите на Катар и Еквадор го следеа 550 милиони гледачи.

ФИФА ги објави ТВ рејтинзите на натпреварите од Светското првенство одржано во Катар на крајот на 2022 година.
Воведниот натпревар на Мундијалот меѓу репрезентациите на Катар и Еквадор го следеа 550 милиони гледачи.
Финалето на Светското првенство 2022 година помеѓу Аргентина и Франција го следеа 1,5 милијарди гледачи на телевизија.
Светски шампион стана репрезентацијата на Аргентина.