СРБИЈА-КОСОВО
Големата петорка на средби во Србија и Косово
20.01.2023 13:15
Главна тема на разговорите ќе бидат натамошните чекори во дијалогот меѓу Белград и Приштина и француско-германскиот план за Косово, кој ЕУ го усвои...

Големата петорка, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар и советници од Франција, Германија и Италија на средби во Србија и во Косово.
Главна тема на разговорите ќе бидат натамошните чекори во дијалогот меѓу Белград и Приштина и француско-германскиот план за Косово, кој ЕУ го усвои. Една од целите на меѓународните претставници според Брисел е да се подготви следната рунда на дијалогот и средбата на највисоко ниво меѓу српскиот претседател Вучиќ и косовскиот премиер Курти.
