ГРУЗИЈА
Напаѓач во Грузија уби пет лица, па се самоуби
20.01.2023 13:22
Според Министерството за внатрешни работи, мажот застрелал четворица соседи и еден полицаец. Осомничениот си пукал во главата во момент кога безбедносните сили влегле во неговиот стан...

Петмина загинати и уште толку повредени откако поранешен војник отвори оган со автоматска пушка од балконот на неговиот стан во источна Грузија. Според Министерството за внатрешни работи, мажот застрелал четворица соседи и еден полицаец. Осомничениот си пукал во главата во момент кога безбедносните сили влегле во неговиот стан.
Како што потврди министерот за внатрешни работи, напаѓачот е роден во 1974 година, а служел во грузиските вооружени сили меѓу 2006 и 2021 година.
